Семинар во Скопје

Благој Ламњов

Интензивен дво-дневен семинар
со музика од албумите Nostalgic Love 1 & 2

29 & 30 ноември, 2025, 13:00 часот

Информации и регистрација: info@blagoj.se

Семинарот е ексклузивен и отворен за само 6 учесници.


Семинарот е ексклузивен и отворен за само 6 учесници.

Што добивате на овој семинар:

  • 120 минути индивидуална работа (60 минути на 29-ти и 60 минути на 30-ти ноември) на композиција или композиции по ваш избор (Сербез Донка, Flamenco de Macedonia, Bye for Now, Lily, итн) со успорено објаснување на сите драгоцени трилери и техники што Благој ги користи, кои не можете да ги најдете во книга или видео. Можете да работите и на трилери и техники што се појавуваат во македонскиот културно уметнички репертоар (македонски ора), како и на класични дела за кларинет. Изборот на музика е ваш!

  • Можност за видео снимање на целата ваша сесија од 120 минути.

  • Ноти од сите композиции од двата албума на Благој Ламњов. 

  • Драгоцени класични техники и вежби што Благој ги научил за време на своите студии во Шведска и Америка, посетените семинари со светски мајстори, како и преку соработки со реномирани светски музичари.

  • Работа и анализа на вашиот сценски настап и будење на уметничкиот дух.

  • Дискусија на тема „Трема на Сцената„ – техники и методи за справување со сценска вознемиреност, што Благој ги стекнал при работа со специјализирани музички психолози во Шведска.

  • Следење на работата на останатите учесници во текот на двата дена.

  • Сертификат за учество на семинарот.

  • Кафе-дружба и релаксиран разговор (приказни, патешествија низ светот, итн) со Благој Ламњов по завршувањето на семинарот во Недела.

Пријава и информации:

За подетални информации и услови за учество испратете кратко писмо на info@blagoj.se, објаснете дека сакате да учествувате на овој семинар, и наведете ги следните податоци:

  • Име и презиме

  • Статус (професионалец, студент или средношколец)

  • На која композиција или композиции би сакале да работите во вашата сесија од 120 минути.

По приемот на вашето писмо, ќе добиете детални информации за семинарот, како и условите за учество.

Кој е Благој Ламњов? КРАТКА БИОГРАФИЈА